Настана хаос во Манчестер Јунајтед откако играч одби да носи јакна со виножито поради својата вера

Манчестер Јунајтед се најде во фокусот на јавноста откако мароканскиот фудбалер Нусер Мазрауи одби да носи виножито јакна пред натпреварот против Евертон, што беше дел од поддршката за ЛГБТК+ заедницата.

 

Клубот планирал играчите да се појават на теренот во јакни со виножито дизајн како дел од кампањата Rainbow Laces. Сепак Мазрауи, кој е посветен муслиман, одбил да ја носи јакната, повикувајќи се на своите религиозни убедувања.

 

Одлуката предизвикала поделби во тимот, а клубот одлучил никој од играчите да не ги носи јакните за да избегне јавно посочување на Мазрауи. Одлуката била донесена само неколку часа пред почетокот на натпреварот во неделата.

Клубот се огласи со соопштение во кое изразува поддршка за сите свои навивачи, вклучувајќи ги и членовите на ЛГБТК+ заедницата, истакнувајќи дека играчите имаат право на свои индивидуални ставови, особено кога станува збор за религиозни прашања.

 

 

„Rainbow Devils“ изразија разочарување поради ситуацијата со јакните на Манчестер Јунајтед, кои беа дел од кампањата Rainbow Laces.

Во својата објава на X, организацијата изјави дека „тесно соработувала со клубот и добила силна поддршка од тимот за ангажман со навивачите“. Ова вклучувало активности како инклузивност во локалните училишта, прашања и одговори со играчи од првиот тим и пораки за поддршка од повеќето играчи, вклучувајќи ја и онаа од капитенот Бруно Фернандеш.

„Пред натпреварот, играчите требаше да носат специјално дизајнирани јакни како дел од кампањата. Но, непосредно пред натпреварот, организацијата беше информирана дека јакните нема да се носат, бидејќи еден играч од тимот одбил да ја носи јакната поради лични верувања. За да се избегне играчот да биде издвоен, клубот одлучил никој да не ги носи јакните. Ова беше големо разочарување за нас и за сите кои работеа на настанот“, наведоа од Rainbow Devils.

 

Тие потенцираа дека го почитуваат правото на лични ставови, но истовремено се загрижени за можниот негативен ефект врз играчи кои можеби се борат со својата сексуалност.

Дополнително, Athletic објави дека спонзорот на Јунајтед, „Adidas“, кој ги дизајнираше јакните, бил разочаран од развојот на настаните. Нивниот договор со клубот вреди 900 милиони фунти за десет години.

Играчот во центарот на вниманието, Нусаир Мазрауи, претходно беше критикуван за политички ставови, како и за поддршката кон соиграчот Закарија Абухлал, кој одби да учествува во кампања за поддршка на ЛГБТК+ заедницата во Франција минатата година.

Во меѓувреме, слични реакции имаше и за капитенот на Ипсвич, Сем Морси, кој двапати одби да носи виножито-лента поради религиозни убедувања, додека ѕвездата на Кристал Палас, Марк Гуехи, на неговата виножито-лента напиша „Исус те сака“, поради што доби опомена од ФА.

 

  • Trump напиша:

    Svaka ti Cast Bravo e ti si ja sakas verata I Nacijata

  • Жарко Г. напиша:

    Па и јас, иако не сум муслиман, би одбил да носам било какви обележја на „болни“ луѓе. Нека си бидат педери и лезбејки, ама за по дома. Рекламирање по спортски настани и јавни медиуми НЕ ПРИФАЌАМ.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *