Настава со физичко присуство (виц)

Започнува учебната година. Третоодделенците имаат час по природни науки со физичко присуство. Инспектор од министерството за образование седи на последната клупа и гледа дали се почитуваат протоколите. Учителката пишува реченица на таблата и остава место учениците да го дополнат зборчето што недостасува.
– Ајде деца, да видиме, што треба да напишам на местото на линијата?
Зоки од претпоследната клупа агресивно крева рака:
– Јас учителке, јас!
Учителката со несигурност:
– Ајде Зоки!
Зоки станува и вели:
– Добар задник.
– Зоки марш кај педагогот и веднаш да ги викне твоите родители!
Зоки тргнува со наведната глава, пред да излезе од училницата се врти кон инспекторот и му вели:
– А ти, друг пат ако не знаеш, не поткажувај!