Наставничка сподели совет како ги убеди децата да си ги мијат рацете и на сите им се допадна

Миењето на рацете е лесен начин за спречување на неколку болести, како настинка или грип. Сепак, доволно е за некои возрасни да ги мијат рацете редовно, а камоли децата кои постојано пипкаат сѐ и сешто и не внимаваат.

Но, една наставничка пронајде решение како да ги убеди децата да ги мијат рацете!

Голем број деца се разболуваат за време на сезоната на настинка и грип

Шауна Вудс е наставничка од трето одделение во Мисури. За време на зимата, многу деца не одат на училиште затоа што се разболуваат. Така, г-ѓа Вудс се обидувала да смисли начин да промовира лична хигиена и да ги натера нејзините ученици да ги мијат рацете почесто, а со тоа и помалку деца ќе се разболат.

Таа сфатила како да го направи тоа

На училиштето каде предава, Шауна Вудс има посебен печат со нејзиното име на него. Во секојдневната работа го користи за тестови и дневници. Но, таа сфати дека овој печат може да се користи и за друга намена.

Едно утро им кажала на своите ученици да ги измијат своите раце во мијалникот во училницата. Потоа, таа им ставила печат на рацете и им рекла дека, ако печатот го снема до крајот на денот (од миење на рацете), тие ќе добијат награда.

На почетокот учениците сакале што е можно побрзо да ги избришат печатот и ги миеле рацете уште на почетокот. Но, Шауна им објаснила дека поентата на печатот е да послужи како визуелен потсетник дека треба да ги мијат рацете неколку пати на ден. Наскоро станало рутина за нејзините ученици често да ги мијат рацете.