Наставничка имала бебе со 13 годишно момче со кое живеела – таткото ја открил целата работа

Поранешната наставничка од Јужен Џерси, Лаура Карон, се соочува со повеќе обвиненија откако таткото на жртвата „сфатил“ дека бебето на Карон е дете на неговиот син. Според истражителите, таткото во декември 2024 година објавил на Фејсбук дека петгодишното дете на Карон многу личи на него и на неговиот син.

Карон беше уапсена во средата и обвинета за тешко сексуално злоставување, сексуален напад и загрозување на добросостојбата на дете.

 

Според полицијата, злосторствата се случувале меѓу 2016 и 2020 година во домот на осомничената во Кејп Меј Корт Хаус. Жртвата имала 13 години и живеела со тогаш 28-годишната Карон кога нивното дете било родено во 2019 година.

Полицијата додаде дека Карон им предавала на момчето и неговиот брат во петто одделение и со текот на времето станала пријателка со семејството на момчето. На крајот, таа дозволила братот, сестрата и жртвата да преспиваат во нејзиниот дом. Според судските документи, посетите почнале како едно или две ноќевања неделно, но подоцна децата целосно се преселиле кај Карон во периодот од 2016 до 2020 година.

Според сестрата на жртвата, момчето започнало да спие во ист кревет со Карон кога имал 11 години. Таа изјавила дека децата спиеле во заедничка соба на друг кат, но нејзиниот брат секое утро завршувал во креветот на Карон. Исто така, тврди дека Карон често одела во бањата и ја заклучувала вратата кога нејзиниот брат бил таму.

Во порака до својата сестра, жртвата изјавил дека е татко на петгодишното дете на Карон, но ја замолил тоа да остане тајна, според документите.

 

Братот на 13-годишникот исто така изјавил пред полицијата дека ја видел Карон како сексуално го злоставува неговиот брат додека мислела дека тој спие.

Полицијата наведува дека момчето во интервју потврдило дека имал сексуален однос со својата наставничка и дека е татко на нејзиното дете. Тој додал дека бил во контакт со Карон сè додека неговиот татко не ја направил објавата на Фејсбук.

Карон моментално е во притвор во поправниот центар на округот Кејп Меј. Шефот на полицијата во Мидл Тауншип, Трејси Супер, изјави: „Сакам лично да ги уверам родителите од Мидл Тауншип дека преземаме сè што е можно за да ја осигураме безбедноста на нашите деца. Нашиот оддел тесно соработува со Обвинителството за да се осигура дека секој аспект од овој случај ќе биде темелно истражен“.

Секој што има информации за случајот е зам

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *