Наставник по природни науки доби доживотна забрана за предавање откако разменил над 2000 флертувачки пораки со 15-годишна ученичка – вклучувајќи и слика од неговиот кревет

Алекс Мохамед (35), професор по наука и ко-директор во средното училиште Дарингтон во Вортинг, Западен Сасекс, доби доживотна забрана за предавање поради над 2.000 разменети флертувачки пораки со 15-годишна ученичка – меѓу кои биле и фотографии од својот кревет и разговори за тоа што би се случило ако се сретнат во сауна.

Професор по природни науки доби доживотна забрана за предавање откако разменил над 2000 флертувачки пораки со 15-годишна ученичка - вклучувајќи и слика од неговиот кревет

Учителот Алекс Мохамед испратил илјадници непримерни пораки и фотографии на група ученички вон работното време

Иако бил предупреден дека е премногу близок со група ученички од единаесетта година надвор од официјалните часови, Алекс Мохамед продолжил тајно да испраќа илјадници непримерни порако и фотографии на група девојчиња преку вечерите и за време на викендите. Исражувањето покажа дека голем дел од тие пораки биле „со сексуализирани алузии” и дека на моменти се граничеле со дигитално сексуално присилување.

Учителот Алекс Мохамед испратил илјадници непримерни пораки и фотографии на група ученички вон работното време

Разговарал со 15-годишната на сексуално набиен начин и разменил фотографии од кревет

Панел истражување утврди дека Алекс Мохамед требало да ги пријави загриженостите за безбедноста кај пет ученички, а не да контактира особено со една – наречена ‘Ученичка А’, со кого разговарал на сексуално набиени теми. Со неа разменил повеќе од 2.000 пораки од 7 април до 13 мај 2022 година. Сведоштвата опишуваат разговори за тоа што би се случило ако се сретнат случајно во сауна, и неформални разговори за малолетна конзумација на алкохол. На 11 мај, тој ѝ испратил фотографија од себе во својот кревет во 18:45, а таа одговорила со фотографија во пешкир.

Професорот постојано ѝ давал комплименти за изгледот, зборувал за нејзината фризура и го омаловажувалннејзиното поранешно момче

Во пораките, Алекс Мохамед континуирано ѝ давал комплименти за изгледот на 15-годишната, коментирал дека има „убава коса” и изгледа „добро”. Ја известил дека е во кревет, ја прашувал во 00:37 „Заспа ли веќе?”, и ѝ сугерирал „Чекај до лето за да се опуштиме и двајцата да бидеме лоши!“. Го коментирал и нејзиното поранешно момче велејќи: „Драго ми е што не си веќе со него лол“.

Ученици изразиле дека имаат домашни тешкотии, тој реагирал со несоодветна блискост наместо со пријава

Петте ученички во пораките опишале дека се чувствуваат лошо дома, но наместо да пријави грижа за нивната безбедност, Алекс Мохамед им враќал со премногу лични и пријателски пораки. Во јануари и мај 2022 година бил официјално предупреден да не биде премногу неформален со ученички, особено со групата девојки од единаесетта година, а колегите реагирале и на неговото однесување за време на матурската вечер на 30 јуни.

По школската истрага и разгледаните докази, полицијата не покрена кривична постапка, но училиштето продолжи со дисциплинска постапка

Во склоп на истрагата, училиштето разговарало со ученици и го проверило неговиот службен имејл, каде што се откриени илјадниците сомнителни пораки. Доказите биле предадени на полицијата, но по нивна проценка во декември 2022 година решиле да не поведат кривична постапка. Училиштето продолжи со својата дисциплинска истрага, во која Алекс Мохамед признал дека некои пораки по време и содржина биле непримерни.

По школската истрага и разгледаните докази, полицијата не покрена кривична постапка, но училиштето продолжи со дисциплинска постапка

Иако негираше сексуални намери во комуникацијата, панелот оцени дека пораките се со елементи на сексуално заведување и препорача доживотна забрана за предавање

Алекс Мохамед не се согласи со наводите дека неговата комуникација со ‘Ученичка А’ била со сексуални намери, но панелот, земајќи го предвид волуменот и нивото на пораките, констатира дека тие се „сугестивни за сексуално заведување“. Затоа беше препорачано до министерот за образование на Велика Британија, Алекс Мохамед да биде трајно избркан од наставната професија.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *