Наставникот-херој пешачи 8 километри секој ден, со ручекот за своите 70 ученици на рамо

Зејн Паулс е наставник во основно училиште во Гримсби, Велика Британија. Тој самиот си презеде обврска да им обезбедува храна на неговите посиромашни ученици кои користеле бесплатни училишни оброци, а сега се во изолација.

Секој ден, Зане пакува 20-тина килограми храна и пешачи низ градот, испорачувајќи ги оброците на над 70 свои ученици.

Во неодамнешното интервју за Би-Би-Си, Зејн објасни како ја добил идејата:

„Кога слушнавме за карантинот, навистина бевме загрижени дали нашите деца ќе бидат безбедни? Што е со оние кои мораа да ги користат бесплатните училишни оброци? Јас не можев да седам и да гледам.“