Наталија Кузнетсова вели дека не ѝ пречи што нејзиниот сопруг има помал бицепс од неа

Светската шампионка во бодибилдинг, Наталија Кузнетсова вели дека не ѝ пречи што нејзиниот сопруг има помал бицепс од неа, затоа што „взаемната љубов и поддршка“ се единствените работи што се важни во среќната врска.

28-годишната Русинка која потекнува од градот Чита во југо-источниот руски регион започнала да оди во теретана на 14-годишна возраст.

Нејзиниот татко мислел дека вежбањето ќе ја подобри самодовербата на неговата ќерка бидејќи таа била „срамежливомало глувче“. На само 15 години станала шампион на регионот. Нејзиниот 42-годишен сопруг Јусиф Ејвазов има помали мускули од неа. Таа се запознала со него пред околу една деценија.

Додека бија тинејџерка таа тежела само 40 килограми, додека сега тежи 90 килограми. Таа вели дека „никогаш не сонувала за кариера во спортот“, додавајќи дека нејзиниот прв тренер на училиште ѝ помогнал да тргне на патот на бодибилдинг.