Натпреварот за најдобра фотографија со дрон ја истакнува величественоста на природата

Пронаоѓањето на беспилотни летала ни овозможува да снимаме фотографии од перспектива каква што претходно можевме само да си замислиме, а добитниците на наградите „Дрон Фото Награди“ оваа година покажуваат колку е навистина зачудувачка природата.

Дрон наградите се опишани како „најважниот светски натпревар за воздушна фотографија и видео“. Наградите се отворени за професионални и аматерски фотографи кои сакаат да ја покажат својата работа.

Поделен во осум различни категории, на натпреварот се бараат фотографии што го прикажуваат најдоброто од природата, животните и луѓето, како и урбани и апстрактни фотографии, од свадби, спортови и „празни градови“ – категорија дизајнирана по повод карантинот.

Конкурсот, исто така, признава вкупен победник преку „Фотографија на годината“, што оваа година му припадна на фотографот Џими Пикот со неговата фотографија „Љубовното срце на природата“, која можете да ја видите погоре.

Категоријата „Природа“ има повеќе зачудувачки сцени, но за најдобра фотографија е прогласена онаа на Џозеф Чирес насловена „Сивиот кит се игра и ги турка туристите“, која може да се види погоре. Исто така еве и од останатите прекрасни фотографии од овој натпревар.