Научниците од НАСА открија докази за можен „паралелен универзум“, каде времето тече наназад

Група истражувачи, меѓу кои и Питер Горхам, професор по физика на Универзитетот на Хаваи во Маноа, ги пронајдоа новите докази користејќи ја антената на НАСА (Анита), која беше транспортирана од голем балон.

Балонот ги носеше сите 48 антени Анита преку милион квадратни километри низ замрзнатиот пејзаж на Антарктикот, во потрага по честички со голема енергија, познати како неутрини, кои пристигнуваат од вселената.

Неутрините се основни честички на универзумот, формирани во неверојатната енергија на Големата експолозија и очигледно можат да им кажат на научниците многу – од раѓањето на универзумот до нуклеарните реакции што им даваат енергија на градовите. Зошто Антарктикот се прашувате? Па, се смета дека е „идеално“ место за барање на овие честички.

„Антарктикот има неколку својства што го прават навистина идеално место за она што сакаме да го направиме, а мразот има неверојатен удел на Антарктикот со тоа што е скоро целосно чист од радио брановите.“, вели Горхам. Првично верувајќи дека не нашле ништо по двата претходни лета, Горхам и екипата повторно ги прегледале своите податоци за да пронајдат посебен сигнал што е потпис на високо-енергетска честичка.

Иако не ја пронашле честичката која што очекувале да ја пронајдат, откриле нешто што мислеле дека е невозможно. Честичката експолодирала од земјата. Честичките што ги бараат обично слегуваат на Земјата од вселената, но овие потешки честички излегуваат од мразот.

Некои велат дека откритието не може да се објасни од страна на физиката. Имајќи го ова предвид, единствениот начин да се објасни се чини дека е постоењето на некаков паралелен универзум кој е создаден во истата Голема експлозија како нашиот, пренесува „New Scientist“.

Во овој паралелен универзум, сè би било спротивно од нашиот: лево би било десно, горе би било долу и времето ќе тече наназад, сепак, Горхам вели дека не сите се задоволни од таа теорија.