Научниците открија братучед на Т. Рекс со карактеристики какви што „никогаш не сме виделе“

Научниците ги открија фосилите на нов вид Тираносаурус, братучед на Тираносаурус рекс, кој е наречен „жетвар на смртта“. Месојадниот „Thanatotheristes degrootorum“ кој беше откриен во Алберта, Канада, имал остри заби и монструозно лице кога шетал низ Земјата пред милиони години.

Диносаурусот е најстариот познат именуван Тираносаурус досега пронајден во Северна Америка, стар 79,5 милиони години, според истражувачите на новата студија. Тој е исто така првиот непознат вид на Тиранносаурус што е откриен во Канада во последните 50 години.

Палеонтолозите од универзитетот во Калгари и музејот „Royal Tyrrell“ ги испитувале фосилите во текот на изминатата година, скоро една деценија откако за прв пат биле пронајдени во близина на градот Хејс во 2010 година.

Новиот вид е идентификуван од фрагментарен фосил кој се состои од делови од черепот и горните и долните коски на вилицата, кои очигледно паднале од карпа пред да бидат откриени од страна на Џон и Сандра Де Грот (по кого го добил името Thanatotheristes degrootorum), додека Thanatotheristes на грчки значи „Жетвар на смртта“.

Диносаурусот кој имал заби како ножеви долги 7 сантиметри, бил долг 8 метри и имал чудни израстоци кои се движеле од очите кон носот, иако сѐ уште не е познато за што служеле тие. Овие карактеристики се разликуваат од Тираносаурусите во регионот, при што ко-авторката на студијата д-р Дарла Зеленицки вели дека овие разлики во големината и обликот на черепот би можеле да бидат адаптации во различни средини, достапен вид на плен и стратегии за лов.