Неверојатно! Научници преку ДНК од фосили вратија во живот изумрен вид на волк (ВИДЕО)
Научниците објавија прв успешен пример на „де-екстинкција“ – враќање на изумрен вид, овојпат со повторно создавање на застрашувачкиот „dire wolf“, вид волк што исчезнал пред околу 13.000 години. Генетската компанија Colossal Biosciences успеала да создаде три здрави младенчиња, именувани Ромул, Рем и Калиси, кои сега живеат во голем еколошки резерват во САД.
Компанијата извлекла ДНК од фосили – еден заб стар 13.000 години од Охајо и коска од внатрешното уво стара 72.000 години од Ајдахо. Со комбинација на оваа древна ДНК и генетски материјал од сив волк, нивниот најблизок жив роднина, научниците успеале да реконструираат цел геном. Потоа, со помош на напредни техники за уредување на гени, биле вметнати 15 карактеристични гени од изумрените волци во клетките на сивиот волк. По создавање на здрави ембриони, тие биле имплантирани во сурогат мајки и во октомври 2024 година се родија првите животни од овој вид по илјадници години.
Голем чекор за човештвото
Ова постигнување претставува значителен чекор напред не само за науката, туку и за заштита и обновување на исчезнати или загрозени видови. Colossal најави дека до крајот на 2028 година планира да го врати и волнестото мамутче. За таа цел, веќе е секвенциран геномот на мамутот, а тимот работи на инкорпорирање на неговите специфични гени – како оној за густата волна – во ДНК на азиски слон, кој дели 95% од својата генетика со мамутот.
Вредна инвестиција
Преку напредни методи како CRISPR, генетичарите сега можат прецизно да уредуваат ДНК, менувајќи или додавајќи „скали“ во „генетичката скала“ на организмот.
Со инвестиции од над 200 милиони долари и вредност од над 10 милијарди долари, Colossal ја предводи револуцијата на „де-екстинкцијата“ – отворајќи пат не само за враќање на древни суштества, туку и за спасување на денешни загрозени видови.
Само нека не враќаат луѓе, и така ги има премногу !!!
Следно нека бидат диносауруси и др. животни на „…си“ на некој остров и да добиеме „Jurassic Park“ (1993)!!!
Немала баба работа, си играла со оган…
Коментирај анонимно