Научниците алармираат: Пушењето VAPE е поштетно од пушењето цигари
Од 2023 година, истражувачи од Манчестерскиот Метрополитен Универзитет спроведуваат прва во светот студија за долгорочните ефекти од вејпингот.
Студијата треба да заврши во март, по што ќе бидат објавени официјалните резултати, но авторот веќе изјави дека верува дека вејпингот е поштетен за здравјето од пушењето цигари.

Националната здравствена служба на Обединетото Кралство (NHS) претходно тврдеше дека вдишувањето никотинска пареа од електронските цигари е „значително помалку штетно од пушењето“.
На почетокот на студијата, д-р Максими Боиден исто така верувал дека „вејпингот е подобар од пушењето“.
Меѓутоа, во разговор за Mirror, тој објасни: „Пушачите најчесто излегуваат надвор за да запалат цигара, а откако ќе ја испушат, мора да запалат нова за да продолжат. Но, со вејпингот, едноставно продолжувате да вдишувате и многу е потешко да знаете колку сте испушиле. Вејпингот е полесно да се практикува постојано, бидејќи можете да го правите и во затворени простории каде што пушењето не е социјално прифатливо. Откривме дека ризиците за некој што постојано користи вејп не се помали од ризиците за пушачите“.

Во студијата учествувале испитаници на возраст од 18 до 45 години (со просек од 27 години), со слични нивоа на физичка подготвеност. На нив им биле правени редовни стрес-тестови, при што 12 часа пред тестирањето не смееле да пушат, да „вејпаат“ или да вежбаат, а пиеле само вода.
Научниците ја мереле еластичноста на крвните садови и брзината на протокот на крв во мозокот – два клучни показатели за васкуларното здравје.
Резултатите покажале дека и пушачите и корисниците на vape имале „рамно читање“, што укажува на оштетени ѕидови на артериите, кои веќе не можат да се прошират и контрахираат како што треба. Ова ги става во зголемен ризик од сериозни кардиоваскуларни заболувања.

Според д-р Боиден, штетата е предизвикана од воспалителниот ефект на никотинот, како и од металите и хемикалиите во течностите за vape , како што се пропилен гликолот и растителниот глицерин.
Тој предупреди: „Кога ќе внесете мешавина од метали и хемикалии во вашето тело, не можете да очекувате дека нема да има последици.“
Боиден додаде дека вејпингот може да биде поопасен од пушењето, бидејќи е потешко да се одреди кога треба да се престане.
Официјалните резултати од студијата ќе бидат објавени по нејзиното завршување во март.

Коментирај анонимно