Научниците го потврдија постоењето на човечката аура: Слаб сјај што го емитира телото

Дали човековото тело навистина зрачи светлина? Според најновите научни истражувања, одговорот е „да“. Истражувачи од Универзитетот во Калгари (Канада) откриле дека секое човечко тело емитира ултраслаб сјај – форма на светлина невидлива за голото око, но измерлива со чувствителна опрема. Овој феномен, познат како ултраслаба емисија на фотони, настанува како резултат на биохемиски процеси во клетките.

Сјајот се јавува додека митохондриите – „електраните“ на клетките – произведуваат енергија. Во текот на овој процес се ослободуваат фотони, мали честички светлина. Интересно е што количината и интензитетот на овој сјај варираат во текот на денот, и исчезнуваат по смртта.

 

Научниците го потврдија постоењето на човечката аура: Слаб сјај што го емитира телото

Како функционира аурата и што покажуваат експериментите

За да го докажат постоењето на овој сјај, научниците спровеле контролирани експерименти со лабораториски глувци. Животните биле сместени во целосен мрак и набљудувани со специјални дигитални камери со експозиција од еден час. Сликите покажале сјај кој се концентрира околу органите, главата и шепите. По смртта на животното, зрачењето значително се намалило или исчезнало целосно, потврдувајќи ја поврзаноста со клеточните процеси и кислородот.

Слични резултати добиле и јапонски научници во 2012 година, кои го снимија човечкиот сјај во различни делови од денот. Според нив, луѓето најмногу светат наутро, додека ноќе сјајот е речиси незабележлив. Рускиот биофизичар Генадиј Горјушкин, пак, го поврза феноменот со техниките на академик Коротков за „вештачка“ визуелизација на аурата преку испуштање гас.

 

Како функционира аурата и што покажуваат експериментите

Потенцијална револуција во медицината и екологијата

Откритието на ултраслабото фотонско зрачење отвора нови можности за неинвазивна медицинска дијагностика. Бидејќи количината на емитирана светлина зависи од состојбата на ткивата, можно е да се следи процесот на заздравување, воспаленија или болести. Некои научници дури предлагаат користење на оваа техника за следење на состојбата кај пациенти со Алцхајмерова болест.

Дополнително, технологијата би можела да се примени и во еколошки истражувања, за следење на здравјето на растителни екосистеми, преку анализа на ноќниот сјај на шумите и другите природни средини.

 

 Потенцијална револуција во медицината и екологијата

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *