Научниците идентификуваа нова најретка крвна група – ја има само една жена од Франција

Французинка од островот Гвадалупе е идентификувана како единствена личност со нов, досега непознат крвен тип, наречен „Gwada negative“, објави Француската агенција за крв (EFS).

Овој редок крвен тип е официјално признаен од Меѓународното друштво за трансфузија на крв во јуни во Милано, со што стана 48-миот признат крвен систем во светот.

 

Научниците идентификуваа нова најретка крвна група - ја има само една жена од Франција

Крв со невообичаени антитела

Сѐ започнало во 2011 година кога кај пациентката, тогаш 54-годишна жена која живеела во Париз, биле откриени „многу невообичаени“ антитела при рутински прегледи пред операција. Поради ограничени ресурси, анализите биле одложени до 2019 година, кога со напредна ДНК секвенционирање била откриена уникатна генска мутација.

Жената го наследила овој редок тип од двајцата родители, и според научниците, таа е единствената личност во светот компатибилна самата со себе. Името „Gwada negative“ се однесува на нејзиното потекло и е прифатено од стручната заедница.

Ова откритие, според научниците, може да помогне во подобрување на третманот за лица со ретки крвни групи, а сега се надеваат дека ќе најдат и други носители на истиот тип.

 

Крв со невообичаени антитела

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *