Научниците направија изненадувачко откритие по анализата на платното во кое се верува дека бил погребан Исус
Контроверзното ленено платно, познато како Торинска покровка, со векови ги збунува луѓето. Првпат изложено во 1350-тите години, се сметало дека тоа е вистинското погребно платно кое го обвило телото на Христос по неговото распнување.
Платното има бледа слика на предната и задната страна од брадест маж, за кој многу верници мислат дека е телото на Исус, чудесно отпечатено на ткаенината.
Истражување од 1980-тите години покажа дека платното потекнува од средниот век, но сега италијански научници користеа нова техника со X-зраци и потврдија дека платното било направено околу времето на Исус, пред околу 2.000 години.
Научниците велат дека оваа временска согласност ја поддржува идејата дека бледите крвави траги од човек со склопени раце биле оставени од мртвото тело на Исус.
Во Библијата се споменува дека Јосиф од Ариматеја го завиткал телото на Исус во ленено платно и го ставил во нов гроб. Торинската покровка е сочувана од 1578 година во кралската капела на катедралата во Сан Џовани Батиста во Торино, Италија.
Во 1988 година, меѓународен тим користеше радиојаглеродно датирање и утврди дека платното било направено помеѓу 1260 и 1390 година. Но, новата студија на италијански научници покажа дека распаѓањето на целулозата во платното укажува дека потекнува од првиот век.
Истражувањето беше споредено со други ленени платна од Израел кои датираат од истото време и резултатите беа многу слични. Ова ново откритие доведе до сомневање во резултатите од тестирањето во 1988 година, кое можеби не било точно поради контаминација.
Научниците истакнуваат дека анализата на Торинската покровка продолжува да предизвикува интерес и полемики, со над 170 академски трудови објавени за ова мистериозно платно.
I got what you intend, regards for putting up.Woh I am thankful to find this website through google. “Spare no expense to make everything as economical as possible.” by Samuel Goldwyn.
Коментирај анонимно