Научниците од Пентагон открија микрочип кој детектира COVID-19 во телото пред да се појават симптоми и филтер што го вади вирусот од крвта

Британскиот Дејли Мејл објави дека начниците од Пентагон кои работат во тајна единица поставена во екот на Студената војна создадоа микрочип што треба да се вметне под кожата, со кој ќе се открие заразување со COVID-19 и револуционерен филтер што може да го отстрани вирусот од крвта додека пациентот е поврзан за машина за дијализа.

Тимот во Агенцијата за напредни истражувачки проекти за одбрана (ДАРПА) работи со години на спречување и ставање крај на пандемии. Тие ги проценуваат проблемите и доаѓаат до генијални решенија, кои на моменти изгледаат како да се појавиле од научнофантастичен филм отколку од лабораторија во реалниот свет.

Микрочипот сигурно предизвикува загриженост кај некои, бидејќи голем број на луѓе се плашат државна агенција да ги „чипира“. Пензионираниот полковник Мет Хепберн, армиски лекар за заразни болести што го водеше одговорот на ДАРПА на пандемијата покажал гел налик на ткиво, направен за континуирано тестирање на вашата крв.

„Го ставате под вашата кожа и она што ви кажува е дека има хемиски реакции внатре во телото, а тој сигнал значи дека утре ќе имате симптоми. Тоа е како светло за проверка на моторот. Морнарите ќе го добиеа сигналот, а потоа самостојно земаа крв и ќе се тестираа на лице место.Можеме да ги имаме тие информации за три до пет минути.“, вели Хепберн.

Тој вели дека биле инспирирани од борбата да се спречи ширењето на вирусот на бродот УСС Теодор Рузвелт, каде 1.271 членови на екипажот биле позитивни на коронавирус.

Друг изум на тимот на Хепберн е филтер, кој се става на машина за дијализа и го отстранува вирусот од крвта. Експерименталниот четиридневен третман беше даден на „Пациент 16“, на кој почнале да му откажуваат органите и бил во септички шок. За неколку дена пациентот целосно закрепнал. FDA го овласти филтерот за итна употреба и се користи за лекување на скоро 300 критично болни пациенти.

Друга агенција на Пентагон, Заедничкиот институт за патологија, проучува примероци на ткива од војници и морнари заразени со патогени микроорганизми низ целиот свет. Тие во своите лаборатории имаат ткиво од пациенти заразени со шпански грип пред 100 години, а во 2005 година тим од болницата во Монт Синај и Центрите за контрола и превенција на болести успеаја да го пресоздадат вирусот.

Тие исто така пронајдоа преживеани и произведоа антитела на смртоносниот вирус. Технологијата што ја развија, беше искористена за да помогне во создавање антитела против COVID-19.