Научниците открија „едноставен“ начин да се излечи опаѓањето на косата
Научниците можеби го открија клучот за третирање на губењето на косата, идентификувајќи скриен „молекуларен прекинувач“ што ја регулира способноста за раст на долга коса. Според истражувањата објавени во Британскиот журнал за дерматологија, ова откритие би можело да доведе до развој на нови, поефикасни терапии за губење на косата.
Истражувачите од Пен Стејт универзитетот, Универзитетот во Калифорнија и Националниот универзитет на Тајван сугерираат дека молекуларниот механизам за раст на долга коса отсекогаш постоел кај луѓето и некои животни, но останувал „тивок“ додека не се активирале одредени биолошки или еколошки услови.
Професор Сунг-Џан Лин од Универзитетот на Сингапур објаснува дека способноста за раст на долга коса кај луѓето веројатно се активирала пред околу 300.000 години, кога нашите предци живееле во екваторијална Африка. Тука, долгата и виткана коса служела како природен штит од сонцето, намалувајќи ја потребата за потење и штедејќи вода и електролити.
Покрај еволутивната заштита, истражувачите истакнуваат дека долгата коса подоцна станала социјален сигнал за возраст, полова зрелост и здравје, што дополнително го зацврстило нејзиното значење во човечката еволуција.
Денес, машката ќелавост зафаќа меѓу 40 и 50 проценти од мажите ширум светот, а тековните третмани како миноксидил и финастерид имаат ограничена ефикасност и потенцијални несакани ефекти. Но, со откривањето на молекуларниот прекинувач, научниците се надеваат дека ќе најдат начин да го реактивираат процесот на раст на косата без непријатните последици.
Професор Максим Пликус од Универзитетот во Калифорнија истакнува дека ова истражување не само што нуди нови перспективи за лекување на губењето на косата, туку и обезбедува основа за подобро разбирање на човечката биологија и еволуција.
Додека ова почне да се применува во пракса (како и она за растењето нови заби), тие што имаат пари, ќе одат на пресадување коса во Турција или во ТЦ Мавровка (скопска филијала).
Коментирај анонимно