Научниците открија кој го предизвикува глобалното затоплување – НАЈБОГАТИТЕ
Истражување објавено во Nature Climate Change покажува дека најбогатите 10% од светската популација се одговорни за две третини од климатското затоплување забележано од 1990 година наваму. Една уште поалармантна бројка вели дека само 1% од најбогатите произведуваат 20 пати повеќе емисии од остатокот од светот. Богатите, преку својот луксузен животен стил, инвестиции и индустриски сопствености, предизвикуваат штета која е несразмерно поголема од нивниот број.
Да живеевме сите како најсиромашните, немаше да има климатски промени
Истражувачите поврзале климатски модели со економски податоци за да ја утврдат емисијата на штетни гасови по различни приходи. Резултатите ја откриваат јасната нееднаквост – најбогатите не само што трошат повеќе, туку и вложуваат во индустрии со највисоки емисии. Половина од светската популација, оние со најниски примања, придонесуваат само со една десетина од глобалните емисии. Доколку сите живееја како оваа група, климатските промени речиси не би постоеле.
Додека сиромашните немаат фабрики, приватни авиони или нафтени бунари, богатите ги прикриваат своите климатски влијанија зад пораки за лична одговорност: рециклирање, електрични автомобили, хартиени сламки. Но, како што покажува истражувањето, без соочување со улогата на најбогатите, ваквите мерки се симболични.
Климата страда поради економски систем што ја третира Земјата како плен и депонија, каде богатството расте на сметка на планетата. Сѐ додека тој систем не се трансформира, шансите за вистинска климатска правда се мали.
Коментирај анонимно