Премини на МотикаX

Научниците открија необичен феномен на Марс што тешко дека може да се објасни

Пред милијарди години, на површината на Марс протекувале реки и постоеле езера. Сепак, со слабеењето на магнетното поле и истенчувањето на атмосферата, голем дел од водата исчезнал – дел испарил во вселената, дел се замрзнал на поларните капи, а остатокот останал заробен во минералите на површината. Сепак, научниците сметаат дека овие процеси не се доволни за да се објасни исчезнувањето на сета вода. Според пресметките, недостасува количина доволна да ја покрие планетата со океан длабок до 800 метри.

 

Научниците открија необичен феномен на Марс што тешко дека може да се објасни

Откриени аномалии со помош на InSight

Една од најинтересните хипотези вели дека водата се повлекла во внатрешноста на планетата низ пукнатини создадени за време на силните метеорски бомбардирања во ноахијскиот период.

Во 2018 година, НАСА го испрати модулот InSight на Марс, со цел да ги истражи внатрешните слоеви на планетата преку сензитивен сеизмометар. Анализата на попречните сеизмички бранови откри аномалија на длабочина од 5,4 до 8 километри – слој со побавно движење на брановите, што укажува на висока порозност и присуство на течна вода, слично на водоносните слоеви на Земјата.

Истражувачите пресметале дека тој подземен резервоар содржи доволно вода за создавање океан длабок меѓу 520 и 780 метри – неколкукратно повеќе од мразот во Антарктикот.

Откритието било можно благодарение на две паднати метеорити во 2021 година и едно во 2022 година, чии вибрации биле регистрирани од InSight.

 

Откриени аномалии со помош на InSight

Потенцијални ресури за идни човечки мисии

Сеизмичките бранови создале ехо во подземните слоеви, што овозможило создавање на мапа на структурата на кората. Овие податоци потврдија постоење на воден слој, што повторно ја отвора можноста за постоење на живот под површината на Марс. Исто така, тоа е потенцијален ресурс за идни човечки мисии – обезбедување вода за пиење, кислород и гориво.

 

Потенцијални ресури за идни човечки мисии

  • Васе напиша:

    Кај отишла водата? Па испарила во атмосферата, ете каде!
    Научниците не знаат што се случило на Марс вчера, а камоли пред милион години!!!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *