Научниците открија нов начин за лекување на една од најчестите и најдеструктивни форми на рак на мозокот

Резултатите од седумгодишното истражување сугерираат дека би можел да има нов пристап во лекувањето на една од најчестите и најдеструктивни форми на рак на мозокот кај возрасните – Glioblastoma Multiforme (GBM).

Во една студија објавена во научното списание BMC Cancer, научниците од Универзитетот во Сари покажуваат дека амино киселините со краток ланец (пептид HTL-001) се ефикасни во таргетирање и инхибирање на функцијата на семејството на гени одговорни за растот на GBM, или т.н. наречени Хокс гени. Студијата беше спроведена на клеточни и животински модели.

Пептидот HTL-001 користен во студијата помина безбедносно испитување и е погоден за тестирање кај пациенти. Сега се разгледуваат испитувања на други видови на рак.

„Луѓето со глиобластома мултиформе имаат пет проценти стапка на преживување во период од пет години, бројка што не е подобрена со децении. Иако сè уште сме во раните фази на процесот, нашиот седумгодишен проект нуди трошка надеж за изнаоѓање решение за дисрегулацијата на генот Хокс, поврзана со растот на GBM и други видови на рак, што се покажа неостварливо како цел за многу години.“, рече Хардев Пандха, водечки истражувач и професор по медицинска онкологија на Универзитетот во Сари.

Иронично, гените Хокс се исто така одговорни за растот на здравото мозочно ткиво, но обично се задушуваат при раѓањето по енергичната активност во растечкиот ембрион. Меѓутоа, ако повторно се „вклучат“ несоодветно, нивната активност може да доведе до прогресија на ракот. Хокс генската дисрегулација одамна е препознаена во GBM.

Истражувањето беше спроведено во соработка со универзитетите во Сари, Лидс и Тексас и HOX Therapeutics, стартап компанија на Универзитетот во Сари со седиште во Истражувачкиот парк на Универзитетот Сари.

„Очајно ни требаат нови начини за лекување на овие агресивни тумори на мозокот. Таргетирањето на развојните гени, како што е генот HOX, кои се ненормално вклучени во клетките на туморот, може да биде нов и ефикасен начин да се запре растот на глиобластомот и да не стане опасен по живот.“, вели професорката Сузан Шорт, коавтор на студијата од Универзитетот во Лидс.