Научниците открија нова „трета состојба“ помеѓу животот и смртта

Сè досега, биологијата ги делеше организмите на живи и мртви – без ништо помеѓу. Но, ново откритие може засекогаш да го промени тоа разбирање. Научници идентификувале „третa состојба“ во која клетките постојат – нецелосно живи, но ниту целосно мртви.

 

Научниците открија нова „трета состојба“ помеѓу животот и смртта

Што покажаа истражувањата?

Истражувањето, објавено во Physiology од професорот Питер Нобл (Универзитетот во Вашингтон) и Алекс Пожитков (City of Hope, Калифорнија), покажува дека некои клетки добиваат нови функции откако организмот ќе почине. Тие забележале дека клетки од починати жаби, ставени во Петри сад, се самоорганизирале во нови форми – т.н. „ксеноботи“.

Слично, клетки од човечки бели дробови формирале „антроботи“ – минијатурни структури што можат да се обновуваат и да поправаат оштетени ткива.

 

Што покажаа истражувањата?

Редефинирање на смртта

Овие организми не живеат долго – обично 4 до 6 недели – што го намалува ризикот од неконтролиран раст. Но, откритието отвора нови можности за регенеративна медицина, вклучувајќи потенцијално лекување на болести преку создавање антроботи.

Научниците сметаат дека ова може да го преобликува нашето поимање за живот, смрт и границите на биолошката функција – дури и да ја редефинира законската дефиниција за смрт.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *