Научниците открија што се случува во мозокот кога не размислуваме за ништо

Дали некогаш сте се фатиле себеси како зјапате во ѕид и одеднаш — ништо? Како мислите да испариле. Овој феномен, познат како „празен ум“, конечно почнува да добива научно објаснување. Нова студија објавена во Trends in Cognitive Sciences открива зошто кај некои луѓе ова се случува почесто и што навистина се случува во мозокот во тие моменти.

 

Научниците открија што се случува во мозокот кога не размислуваме за ништо

Мозокот не е навистина празен

Тим научници од Франција, Австралија и Белгија анализирал 80 научни трудови и експерименти каде луѓе пријавиле дека не размислуваат за ништо. Главната авторка, Атина Демерци, вели дека сакаат подлабоко да го истражат феноменот за да ја разберат природата на свеста и субјективното искуство.

Во просек, едно лице се наоѓа во состојба на „умна празнина“ од 5% до 20% од времето. Овој процент варира – луѓето со АДХД, на пример, почесто пријавуваат вакви моменти отколку невротипичните лица.
Истражувачите направиле разлика помеѓу состојбата „без мисли“ и „лутање на умот“. Најчесто, мозокот се „исклучува“ по интензивна ментална активност – како по испит, по недоволно спиење или напорен тренинг.

 

Мозокот не е навистина празен

Празниот ум не значи и неактивен мозок

Со помош на ЕЕГ и fMRI, научниците откриле дека мозокот не мирува дури ни тогаш кога не мислиме на ништо конкретно. ЕЕГ уредите бележат бавни мозочни бранови слични на оние при спиење, а срцевиот ритам се намалува. Според студија од 2019 година, кога луѓето се обидуваат свесно да „не мислат“, се намалува активноста во клучни делови од мозокот, како хипокампусот и областа на Брока. Областа на Брока е дел од мозокот кој се наоѓа во фронталниот лоб (левата хемисфера кај повеќето луѓе) и е клучна за зборување, формирање реченици и граматичка структура.

Сепак, Демерци појаснува дека ова е различно од спонтаното „исклучување“ на умот – што остава простор за уште многу неистражени прашања.

 

Празниот ум не значи и неактивен мозок

„Празниот ум“ како спектар на состојби

Научниците веруваат дека овие состојби на „ништо“ се случуваат кога мозокот е недоволно стимулиран. Но бидејќи искуството е субјективно, можеби е попрецизно да зборуваме за спектар на ментални состојби, отколку за една дефинирана појава.

„Состојбата на ‘чист ум’ е исто толку лична и специфична како и самиот процес на размислување“, вели коавторката Џенифер Виндт.

Истражувачите се надеваат дека оваа студија ќе поттикне нови истражувања за „исклучувањето“ на свеста, бидејќи тоа е дел од нашето секојдневно искуство – само што досега никој сериозно не го истражувал.

„Нашите ментални искуства се различни, и варираат по степен на свесност и исполнетост“, заклучува коавторот Томас Андрилон.

 

„Празниот ум“ како спектар на состојби

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *