Научниците откриваат што должината на вашите прсти кажува за вас
Со векови, гатачите на дланка тврдат дека иднината се чита во линиите на рацете. Но сега, научниците открија дека должината на прстите навистина може да открие нешто важно – како што е потенцијалот за издржливост и спортски перформанси.
Станува збор за таканаречениот однос 2D:4D, односно споредбата помеѓу должината на показалецот и домалиот прст. Истражување базирано на 22 претходни студии со над 5.000 учесници од 12 земји покажало дека понизок 2D:4D однос – кога домалиот прст е подолг од показалецот – е поврзан со подобра кардиореспираторна издржливост.
Прстите влијаат на нашиот карактер?
Таквите лица имаат подобра толеранција на физички напор и поголема способност да издржат долготрајна, интензивна активност – како маратон или велосипедски трки. Според научниците, ова би можело да биде корисно за тренери и спортски стручњаци при откривање на таленти, или пак за рекреативци кои сакаат да го проценат својот потенцијал.
Сепак, подолг домал прст не значи само физичка предност – тој е поврзан и со зголемено ниво на фокус, но и со повисок ризик од психопатско однесување и злоупотреба на опијати. Од друга страна, подолг показалец е поврзан со пониска агресивност, поголема осетливост на болка и зголемен ризик од дебелина.
Дознајте повеќе за себе преку своите прсти
Професорот Грант Томкинсон објаснува дека овие разлики се формираат уште во утробата, како резултат на изложеност на тестостерон, кој може да влијае врз градењето на физичка и психолошка издржливост.
Сакаш да дознаеш дали си роден за издржливост? Само спореди си ги прстите – ако домалиот прст ти е подолг од показалецот, можеби си создаден за маратон.
Јас како шо читав на интернет, врз основа на должината на средниот прст, може да се одреди должината на машкиот (полов) орган! А врз основа на обликот на ноктот на средниот прст, внатрешноста на женскиот орган!
Коментирај анонимно