Научниците предупредуваат: Европа и Централна Америка треба да се подготват за екстремни топлотни бранови

Научниците од Универзитетот во Бристол објавија студија во која предупредуваат за можно зголемување на бројот на топлотни бранови во наредните децении во Централна Европа и Централна Америка. Овие региони, каде климатските кризи веќе земаат данок, би можеле да бидат особено ранливи на ефектите од новите топлотни бранови.

 

Најзагрозени ќе бидат оние земји кои се најмалку подготвени за нив. Во некои региони топлотните бранови се комбинираат и со други фактори за да ги направат особено ранливи. На пример, во Централна Америка, социо-економската нестабилност може да ги направи ефектите од температурните флуктуации уште попогубни.

Топлотните бранови се нарекуваат повеќедневни периоди на екстремно високи температури, кои можат да бидат опасни по животот на луѓето и екологијата на регионот. Во 2022 година, топлотните бранови доведоа до катастрофални суши и шумски пожари низ Америка и Европа. Во следните децении, се повеќе топлотни бранови ќе ги погодат земјите како Авганистан, Папуа Нова Гвинеја и многу земји од Централна Америка.

Треба да се напомене дека топлотните бранови ги има сè повеќе ширум планетата поради климатската криза. Минатата година тие доведоа до катастрофални суши и шумски пожари низ Америка и Европа. Оваа година ситуацијата може да се влоши поради атмосферскиот феномен Ел Нињо кој се случува на секои 2-3 години и доведува до пораст на температурите.

Научниците нагласуваат дека владите ширум светот треба да се подготват за можни климатски аномалии кои можат да се појават насекаде. Добрата подготовка може да спаси многу животи. Ова е особено важно за оние региони каде што порано ретко се случувале вакви појави, што значи дека државите немаат развиено механизми за одговор и прилагодување на таквите закани.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • aneta напиша:

    aman veke, sekoja godina isto ta isto ke ne pogodi susa, visoki temperaturi bla bla bla i na kraj nisto

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *