Научниците работат на „оживување“ на кралот на леденото доба, во блиска иднина се очекува неговото враќање

Големото животно исчезнало пред 10.000 години, но сега постои надеж дека ќе се вратат.

Научниците, на 13 септември, објавија колку пари се собрани од компанијата за бионаука и генетика „Колосал“ за финансирање на напорите за оживување на мамутите.

Очигледно, разговорите за враќање на мамутите од мртвите се одвиваале скоро цела деценија, а научниците се надеваат дека ќе направат хибрид мамут-слон користејќи ембриони со мамутска ДНК изработени во лабораторија.

Проектот не е создаден само во обид да се вратат мамутите, туку и да им се помогне на азиските слонови да се прилагодат на постудените клими. Хибридот мамут-слон би можел да помогне во напорите за зачувување на слоновите во Азија, бидејќи големите цицачи во моментов се класифицирани како загрозени.

Џорџ Черчи, професор по генетика на Медицинскиот факултет Харвард и ко-основач на Колосал, кој собра 15 милиони долари за проектот, рече:

„Нашата цел е да направиме слон отпорен на студ, но ќе изгледа и ќе се однесува како мамут. Не затоа што се обидуваме да измамиме некого, туку затоа што сакаме нешто што е функционално еквивалентно на мамутот, кое ќе ужива во времето на -40 степени Целзиусови и ќе ги прави сите работи што ги прават слоновите и мамутите“.

Ако се` оди според планот, истражувачите се надеваат дека ќе го добијат првите мамут-слончиња за шест години.