Научниците создадоа експериментален музички инструмент кој се „свири со мисли“

Во 2016 година, шведскиот невролог Томас Деуел се здружи со физичарот Феликс Дарвас за да развијат енцефалофон, музички инструмент што може да го свирите со мислите.

Инструментот за првпат бил измислен во 40-тите години на минатиот век од страна на д-р Е.А Беверс, физиолог, кој пронашол начин да ги користи мозочните бранови за да генерира звук.

Дјуел и Дарвас имат два мотиви зад создавањето на нивниот енцефалофон. Тие не само што сакаат да ги истражат новите технологии во музиката, туку веруваа дека изумот може да послужи и како терапевтска алатка за луѓе кои имале мозочен удар или други невролошки проблеми.

Диул рече дека  предноста на инструментот е тоа што е „тотално неинванзивен: нема операција и е пренослив“.

За да се користи инструментот, музичарот треба да носи специјална капа опремена со електроди што можат да ги читаат мозочните бранови, а потоа да ги пренесат на синтисајзер.

„Енцефалофонот е музички инструмент што го контролирате со своите мисли, без движење“, изјави Дјуел  во 2017 година.

„Јас сум музичар и невролог и сум видел многу пациенти кои свиреле инструмент пред мозочен удар или други оштетувања на мозокот, кои веќе не можат да свират или да пеат“, рече тој.

„Мислев дека би било одлично да се користи мозочно-компјутерски инструмент за да им се овозможи на пациентите повторно да прават музика без движење“, додаде Дјуел.