Научниците велат: „Форми на живот какви што не сме виделе досега може да се кријат на Венера“

Според истражувачите, вонземјани можеби се кријат во облаците на Венера и произведуваат амонијак.

Амонијакот е соединение од азот и водород, а неговото присуство би можело да биде знак дека се случуваат хемиски реакции кои би ја направиле Венера попогодна за живот на вонземјаните.

На Земјата, амонијакот е остаток од водните организми, така што неговото присуство во горната атмосфера на Венера ги запрепасти астрономите кога беше откриео во 1970-тите.

Се смета дека Венера е толку жешка што не може ништо да преживее на неа, а ако има живот на облаците на планетата, тој може да биде во форма на микроби кои не се слични на оние на нашата планета.

Студијата на истражувачите од Универзитетот во Кардиф, МИТ и Универзитетот Кембриџ покажа дека доколку постои амонијак на планетата, тој би предизвикал хемиски реакции кои би ги неутрализирале капките сулфурна киселина во околината.

Ако е така, киселоста на облаците би се намалила од -11 на нула, што е сè уште кисело, но можеби ќе може да толерира живот.

Д-р Вилијам Бејнс, коавтор на студијата, рече:

„Знаеме дека животот може да расте во кисели средини на Земјата, но не толку кисели како што се верува дека се облаците на Венера. Но, ако нешто создава амонијак во облаците, тогаш тоа ќе неутрализира некои од капките, што ќе ги направи потенцијално попогодни за живот“.

Тоа „нешто“ што создава амонијак е она што истражувачите сугерираат дека би можело да биде направено од биолошки извор.

Иако можеби сè уште не сме нашле живот на Марс, Венера може да не изненади.