Научниците веруваат дека откриле „џиновски подземен град“ под пирамидите во Гиза
Истражувачки тимови од шкотскиот универзитет Стратклајд и италијанскиот универзитет во Пиза дојдоа до изненадувачко откритие што може да го промени нашето разбирање за античките египетски споменици. Користејќи напредна радарска технологија, научниците успеаја да ѕирнат подлабоко под површината на земјата, каде што стојат познатите пирамиди во Гиза.
Откако открија чудни формации кои се протегаат стотици метри под песокот, експертите тврдат дека пронашле нешто неверојатно. Конкретно, идентификувани се осум вертикално лоцирани цилиндрични структури, кои се протегаат на длабочина од околу 640 метри, како и неколку други објекти скриени уште подлабоко – до 1200 метри.
Внимателна проверка на хипотезата
Професорот Лоренс Конјерс од Универзитетот во Денвер, кој е специјализиран за радарски истражувања, беше скептичен за гласните тврдења за „џиновски подземен град“. Според него, современите уреди сè уште не се способни да навлезат во толку дебели слоеви на карпи за со сигурност да потврдат присуство на огромни комплекси. Сепак, тој ја призна можноста за постоење на мали простории или пештери под пирамидите, но нагласи дека вистинитоста на хипотезата бара внимателна проверка преку ископувања.
Рана фаза на истражувањето
„Верувам дека се додека авторите не измислуваат ништо излишно и додека нивните основни методи се точни, секој што се грижи за артефактот треба да се запознае со нивните толкувања“, објасни тој.
„Можеме да се расправаме за толкувањата, а тоа се нарекува наука. Но, основните методи мора да бидат сигурни“.
Истражувањето се уште е во рана фаза, а научниците ќе треба да ги потврдат своите сомнежи со дополнителни докази. Сепак, дури и таквите прелиминарни податоци се од интерес, а експертите продолжуваат да разговараат за можни толкувања на добиените податоци.
Пирамидите никогаш не биле гробници тие се вид електрани на земјината енергија заедно со водата произведуваат слободна енергија на големи далечини.Наскоро ќе се објави целиот систем ако го дозволат глобалните корпорации.
Кажи нешто повеќе. Баш ме интересира. Има ли видео некаде?
Коментирај анонимно