Научниците вкрстија две овошја за да создадат „лимон диња“ која е сочна, слатка и малку кисела, а таква ѝ е и цената
Дињите заедно со лубениците се задолжителен летен производ за освежување во жешките денови. Но фармерите сега создадоа овошје што никогаш не сте знаеле дека ви е потребно! На пазарите во Јапонија се лансираше целосно нова „лимон диња“.
Соодветно именуваниот производ е направем со спојување на диња и лимон заедно – создавајќи уникатен вкус на „длабока сладост“ со допир на кисело. Има позната форма и изглед на диња, но целосно ги исклучува нејзините типични зелени ленти, а има и невообичаено бела внатрешност.
Дињите со лимон се продаваат по неверојатна цена од 23,30 долари. Лимонските дињи ќе бидат достапни само за кратко време, со само 3.800 продадени во Сапоро, Хокаидо, до крајот на август.
Производот „се карактеризира со неговата силна сладост со мала киселост што го прави да изгледа како лимон. Оваа диња е вкус од кој никогаш нема да се изморите. Ако ја разладите добро пред да ја јадете, рамнотеѓата на киселоста и сладоста ќе се истакне уште повеќе. Совршен десерт за топло лето со освежителна киселост.“, опишуваат креаторите.
Уникатниот нов производ на Suntory се одгледува на пет фарми во градот Фурано – област која е позната по своето производство на дињи низ Јапонија.
Не е јасно како точно земјоделците се обиделе да ја произведат дињата од лимон, но генерално, хибридите на култури често се прават со помош на техники како вкрстено опрашување. Ова во голема мера се однесува на процесот на нанесување полен од еден цвет на репродуктивниот дел на друг.
Неколку клиенти кои за прв пат ја дегустираат дињата од лимон кажаа дека е навистина освежувачка и им се допаѓа.
Коментирај анонимно