Научник, нобеловец, објаснува зошто карантинот за време на COVID можеби ќе нѐ чини повеќе животи, отколку што ќе спаси

Професорот на Медицинскиот факултет Стенфорд Мајкл Левит, кој ја доби Нобеловата награда за хемија во 2013 година, вели дека строгите мерки за заклучување, наметнати за борба против пандемијата на коронавирус, може да чинат повеќе животи отколку што спасија.

„Мислам дека заклучувањето не спаси животи. Мислам дека може да чини животи. Можеби спаси неколку животи од несреќи на патот како такви, но социјалната штета, семејното насилство, разводи, алкохолизам е на екстремно ниво. И тогаш ги имате оние луѓе кои не биле лекувани од други здравствени проблеми.“, вели Мајкл.

Левит правилно го предвиде обемот на пандемијата, што повеќето модели, како што е широко објавениот модел од Империјал колеџ, грубо го преценија. Овие преценувања резултираа во непотребна „паника“, вели Левит. „Мислам дека вистинскиот вирус беше вирусот на паника“, објаснува Левит. „Од причини што не ми беа јасни, мислам дека лидерите испаничија и народот испаничи и мислам дека имаше огромен недостаток на дискусија“, додава тој.

Наместо масовно затворање, што трае веќе неколку месеци низ целиот свет, Левит се залагаше за развој на „колективен имунитет“. Во одделно интервју на почетокот на овој месец, Левит објасни:

„Мислам дека политиката на колективен имунитет е вистинската политика. Мислам дека Велика Британија беше на вистинскиот пат пред да се нахранат со погрешни цифри. И тие направија огромна грешка. Ги гледам победниците како Германија и Шведска. Тие не практикуваа премногу затворања и добија доволно болни луѓе за да добијат колективен имунитет.“

За жал, забелешките на Левит веќе се докажани, барем што се однесува за САД. Лекарите од Калифорнија изјавиле дека имале повеќе смртни случаи од самоубиство отколку од коронавирус за време на задолжителното заклучување.