Научник открива три специфични животни периоди кога нашите тела најмногу стареат

Еден научник штотуку ги откри трите специфични возрасти на кои најбрзо стареат нашите тела и можно е да ви пренесе мала егзистенцијална криза во меѓувреме. Возраста на која што започнува првата фаза е малку помлада од она што мислевме дека ќе биде.

Скоро секој од нас го гледа стареењето како постепен, крцкав пад, кој не го приметувате се додека не се најдете во ситуација да им раскажувате на внуците како ви било за време на пандемијата.

Според научникот првата голема фаза е на 34 години, возраст на која ретко кој од нас се смета за стар, или можеби сме во состојба на негирање, не знаеме, но како и да е втората фаза е на 60 години, а третата етапа е на 78 години.

Научникот објаснува, што, како и зошто: „Сега, не знаеме точно зошто се случува ова, но истражувачите открија дека е на тие возрасти, има околу 1300 протеини во крвта кои одеднаш се менуваат. Значи, до 34 години, тие се релативно стабилни и доследни. И тогаш има голема промена. И тогаш помеѓу 34 и 60, повторно е конзистентно. И тогаш уште една голема промена. Истото важи и за 78. Всушност, научниците се во можност да ја предвидат возраста на луѓето во граници од неколку години само со гледање во нивната крв. И единствениот пат кога навистина можат да погрешат е кога некој е особено здрав. Така што сите оние кои треба да влезат во овие години, подгответе се!“

@asapscience

I was not prepared to find this out at 33 years old

♬ original sound – AsapSCIENCE

На крајот на краиштата стареењето и не е толку страшно, сите сакаме да дочекаме старост, едноставно можеби шокира фактот што нашето тело се подготвува за тој момент уште од „млади години“.