Научно докажано! Луѓето емитуваат слаба светлина додека се живи, ја снемува кога умираат

Животот навистина зрачи, според нов експеримент спроведен од истражувачи од Универзитетот во Калгари и Националниот истражувачки совет на Канада. Експериментот со глувци и листови од две растителни видови открил директен доказ за постоење на биофотони – слаби светлосни емисии што исчезнуваат по смртта, што укажува дека сите живи суштества, вклучувајќи ги и луѓето, можеби буквално светат додека се живи.

 

Научно докажано! Луѓето емитуваат слаба светлина додека се живи, ја снемува кога умираат

Дали станува збор за „аура“?

Иако оваа појава наликува на паранормални тврдења за „аури” околу живите организми, научниот пристап зад истражувањето е сериозен. Биофотоните – ултраслаби фотони што се емитуваат од живи клетки – претставуваат форма на светлина со бранова должина од 200 до 1.000 нанометри, но се толку слаби што често се губат во околниот електромагнетен шум и топлина.

Физичарот Вахид Салари и неговиот тим забележале јасна разлика во емисијата на биофотони кај живи и мртви организми. Тие користеле специјални камери за да го измерaт светлото што го емитуваат телата на четири глувци – пред и по нивната смрт – под строги контролирани услови. Резултатите покажале значително намалување на емисијата по смртта, и покрај одржувањето на телесната температура.

 

Дали станува збор за „аура“?

Од што се предизвикани овие светлосни емисии?

Слични резултати биле добиени и кај растенија како Arabidopsis thaliana и Heptapleurum arboricola, каде што повредените делови од лисјата светеле посилно од здравите. Овие светлосни емисии најверојатно се предизвикани од реактивни кислородни соединенија, кои се создаваат кога клетките се под стрес – од топлина, токсини, инфекции или недостаток на хранливи материи.

Откритието отвора можност за идни неинвазивни дијагностички алатки – следење на здравјето и стресот кај луѓе, животни и растенија преку мерење на нивната „биолошка светлина”. Истражувачите веруваат дека оваа суптилна светлина може еден ден да ни открие дали навистина блескаме од здравје.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *