Науката потврдува: Кучињата навистина ги прават луѓето посреќни!
Да се биде покрај куче ги зголемува „позитивните“ хемикалии во мозокот, го намалува крвниот притисок, па дури и помага да се ослободите од стресот и депресијата, велат експертите.
Д-р Џејн Мано, психијатар од Клиниката во Кливленд ги возвиши придобивките од кучињата денес, велејќи дека шетањето, галењето или само седењето со нив помага да се зголемат нивоата на серотонин и допамин во мозокот – односно да подигне нечие расположение.
И бидејќи тие бараат редовни прошетки, Мано често им кажува на пациентите кои се вознемирени или депресивни да си купат куче. Животните повеќе ги извлекуваат своите сопственици од куќата – помагајќи да се изгради чувство на припадност и да се борат со чувствата на изолација.
Голем број на студии истакнаа како чувањето куче може да го подобри нечие здравје и да го подобри неговото расположение. Околу едно од три американски домаќинства, или 48 милиони, поседуваат куче.
Откривајќи ги придобивките од имањето кучиња, Мано рече: „Самото физичко опкружување со животни ослободува некои позитивни невротрансмитери во мозокот“.
Таа додава: „Кучето прави да се чувствуваш добро. Тоа е обврска. Правите нешто за поголемо добро, исто така запознавате луѓе и сте со животни“.
„Значи, да, има многу придобивки и тоа ве извлекува од дома, особено ако некој постојано се изолира“.
Мано, исто така вели, дека само 10 минути со куче дневно ги намалуваат чувствата на болка, анксиозност и депресија.
Постојат неколку програми низ Соединетите Држави – вклучително и во државата Вашингтон – кои се фокусираат на добивање кучиња за терапија на болнички пациенти.
Д-р Макс Пембертон, психијатар во британска болница, минатата година напиша дека лекарите често се обраќаат до животните за помош кога лековите не успеале да го олеснат нечие страдање.
Тој се присетува: „Разговарав со една средовечна жена чиј 14-годишен син умрел од рак неколку години претходно. Нејзиниот свет се распаднал. Таа го опиша како чувство како некој да ѝ ја извадил внатрешноста – се чувствуваше толку крајно празно и шупливо. Сакаше да лежи во кревет и никогаш повеќе да не стане. Но, не можеше. Имаше уште две деца и им требаше“.
Непосредно пред да почине нејзиниот син, му купиле куче.
Таа објаснувала како кучето ја терало да станува секое утро бидејќи требало да го шетаат пред децата да станат.
Ја терал да се облече, и ѝ го структуирал денот. Кога децата биле на училиште, а таа била сама дома, ако сакала да плаче, тоа не му пречело на кучето.
„Кучето ми го спаси животот“, вели мајката.
Коментирај анонимно