Науката вели дека вистинската љубов ја наоѓаме на возраст помеѓу 27 и 35 години

Ние сите знаеме како се одвива приказната: ни се превртува стомакот кога ќе го видиме симпатијата во осново училиште, одиме на куп состаноци кога сме тинејџери, влегуваме во нашата прва долга врска и по 3 години се оддалечуваме, и секој пат си велиме: „Ова мора да е тоа“, ни никогаш не е.

За среќа (или несреќа), љбовта навистина е игра со броеви и математичарите сфатија на која возраст најверојатно ќе се сретнеме со нашиот совршен партнер.

Нашиот романтичен живот може да се толкува преку теоријата на математика.

Математичарот д-р Хана Фрај спроведе студија која откри на која возраст најверојатно луѓето ќе најдат вистинска убов. Во своето истражување, таа се потпираше на модели, базирани на математика, статистика и алгоритми, вклучувајќи ги и она што го нарече „оптимална теорија на запирање“.

На кратко, има голем број на луѓе со кои можеме потенцијално да се дружиме во текот на нашиот живот, и овие односи ќе се разликуваат по квалитет. Според оваа теорија, можеме да предвидиме колку хипотетички партнери ќе имаме пред да го најдеме „вистинскиот“. Ни дава до знаење кога да престанеме да бараме и да се посветиме на најдобриот кандидат.

Ги максимизираме нашите шанси да најдеме совршен партнер по 27-та година од животот.

Математиката ни кажува дека шансите да пронајдете вистинска љубов со луѓето што ги познаваме во текот на првите 37% од вашиот романтичен живот се многу мали. Да речеме дека сакате да стапите во брак пред 40-тата година и за прв пат сте започнале врска со 15-та година од животот. Тоа значи дека веројатно нема да го најдете вашиот среќен крај со луѓето со кои се дружите од 15 до 27 година.

Помеѓу 27 и 35 години е прозорецот што ви овозможува да изберете некој што е подобар за вас од сите со кои сте биле претходно. Тоа е затоа што сега можете да погледнете назад на сите изминати 37% и да споредите.

Ни требаат оние неуспешни врски.

Секој со кој ќе излезете пред да наполните 27 години е дел од процесот што ќе ве натера да ја пронајдете вашата вистинска љубов. Вашето романтично искуство и минатите врски ви овозможуваат да научите од нив и да разберете што очекувате од партнер.

Овие први љубовни врски ја подобруваат вашата способност за набудување, помагајќи ви да ја препознаете личноста што најдобро ви одговара. До крајот на дваесеттите и додека влегувате во триесеттите години, ќе бидете доволно зрели и искусни и ќе имате пореално очекување на она што го барате во врските.

Ние секогаш го правевме тоа потсвесно.

Можеби сте забележале дека ние го правиме тоа како и да е, дури и без да ги знаеме сите тие работи по математика. Ние си даваме малку време да експериментираме и „да го испитаме теренот“ кога сме млади. Ние започнуваме сериозно да ги разгледуваме потенцијалните „партнери за брак“ кон крајот на дваесеттите години.

Теоријата на д-р Фрај го судира човековото однесување со математиката, но љубовта секогаш надминува бројки. Математиката не лаже, но ниту срцето. Значи, ако пронајдете некој со кого можете да замислите да го поминете остатокот од вашиот живот пред 27-та година, тоа не значи дека тие не се вашата вистинска љубов. Одете по она што мислите дека е најдобро за вас!