Навидум невината игра „Вистина или предизвик“ завршила со откривање на смртоносни тајни

Студент е прогласен за виновен за убиство на својата баба, откако признал во игра на „Вистината или предизвик“

Мери Грегори (94) беше убиена во мај 2018 година во нејзиниот дом во Хејшам, Ланкашир,Англија, откако избувнал пожар. Таа умрела од вдишување чад, а првичните истраги сугерирале дека станува збор за случаен пожар, наведувајќи го фактот дека таа била тежок пушач и имала деменција.

Меѓутоа, полицијата повторно го отворила случајот откако Тиернан Дарнтон (21) го признал убиството една година подоцна.

Дарнтон му кажал на пријател дека некој друг пријател „може да го испрати во затвор поради тоа што го знае“.

„Навистина не ми е јасно што зборуваш, но мислам дека се обидуваш да ми кажеш дека си убил некого“, одговорил пријателот, на што Дарнтон рекол: „Да“. Во друга разговор тој открил дека користел запалка за да ги запали завесите на неговата баба (мајката на неговиот очув), што довело до нејзината смрт.

Подоцна било откриено дека Дарнтон им го открил инцидентот на своите пријатели за време на играта „Вистината или предизвик“ набргу по погребот на Грегори, опишувајќи го настанот како негова „најтемна тајна“.

Полицајците, исто така, пронајдоа цртежи од куќата на Грегори во домот на Дартон, со етикети како „добро скривалиште“ и „брз излез“, како и напомена за потребата од „добро алиби“.

Главниот инспектор Зои Русо, од тимот на полициските сили во Ланкашир, рече: „Дарнтон редовно го посетувал домот на г-ѓа Грегори откако нејзиниот син го зел под своја закрила на млада возраст. Дарнтон поминувал време во куќата на г-ѓа Грегори и не само што ја користел љубезната природа на г-ѓа Грегори, туку и го користел пристапот до нејзиниот дом за внимателно да го испланира својот убиствен чин“.

Дарнтон ќе биде осуден во петок, 12 ноември.