Навистина постои светски рекорд за се`, а овој човек сруши еден од понеобичните

Екстремниот скокач на пого стап, Тајлер Филипс, беше запишан во Гинисовата книга на рекорди, откако прескокна пет автомобили во Лондон.

Филипс, од американскиот тим XPOGO, го собори рекордот за „најмногу автомобили прескокнати со пого стап“.

21-годишната ѕвезда скока преку петте црни лондонски такси автомобили во култниот Олимписки парк во Стратфорд.

Ѕвездата ја прослави неговата победа, велејќи:

„Леле, јас сум толку воодушевен што успеав да го соборам овој рекорд, навистина го посакував ова долго време, и беше прилично лудо да бидам таму утрово, всушност кога ги видов автомобилите така наредени, тогаш конечно сфатив што се случува“.


Тој продолжи да објаснува дека неговата извонредна изведба е „најмногу ментален предизвик“ и дека мора да ги „фокусира и контролира“ своите скокови.

Напорната работа на Филипс им беше јасна на присутните.

Како што рече Крег Глендеј, главен уредник на Гинисовата книга на рекорди:

Беше многу возбудливо да се гледа Тајлер во акција, висината што може да ја достигне е неверојатна и моќна демонстрација на неговото целосно владеење со пого стапот.