Навивачот што ја удри италијанската новинарка по задник во живо на ТВ нема да може да присуствува на спортски натпревари во иднина

Италијанската полиција му забрани на фудбалски навивач да учествува во спортски настани три години, откако тој ја удри репортерката по задникот на телевизија.

Мажот е снимен како ја движи раката кон Грета Бекаља додека таа зборува пред камерата по фудбалскиот натпревар во Серија А во Фиренца.

Новинарката  од ТВ Тоскана поднесе жалба за вознемирување против мажот, кој е под полициска истрага.

„Не можете да го направите тоа, извинете“, му рече новинарката на човекот во видеото, додека навивачите излегуваат од стадионот по победата на Емполи над Фиорентина со 2-1.

Г-ѓа Бекаља исто така обвини друг маж дека се обидел да ја допре во инцидент што не бил снимен.

Инцидентот се случи додека највисоката италијанска лига и нејзините играчи учествуваа во кампања со која се осудува насилството врз жените. Сите играчи носеа црвена ознака на лицето како знак на солидарност против малтретирањето.

Наводниот напаѓач е именуван како навивачот на Фиорентина, Андреа Серани.

Тој може да се соочи со кривична пријава, а полицискиот комесар на Фиренца издаде наредба за „исклучување“ против него. Наредбата, позната како „Даспо“, му забранува три години да влегува на места каде што се одржуваат спортски настани.