Назад во минатото: Пар од Австралија по половина век го пронајде нивното изгубено свадбено видео и сето тоа благодарение на Фејсбук
Австралиски брачен пар, Ајлин и Бил Трнбул, конечно го најдоа нивното изгубено видео од свадбата по 57 години, благодарение на фотографија на Facebook.
Тие се венчале во Шкотска во 1967 година. По свадбата, позајмиле проектор за да го гледаат видеото од нивното излегување од црквата. Но, по гледањето, случајно го оставиле филмот во проекторот и никогаш повторно не го виделе – сè до неодамна.
Ајлин, која сега има 77 години и живее во Бризбејн, гледала по Facebook кога видела фотографија од одамна изгубеното видео.
„Прелистував на Facebook, и се појави оваа свадбена фотографија. Мојот сопруг седеше до мене, се свртев кон него и му реков: „Ова е нашата свадбена фотографија“ изјави Ајлин.
Фотографијата ја објавил Тери Чејн, човек од Шкотска, во Facebook група за Австралијци. Неговиот вујко бил тој кој им го позајмил проекторот на парот пред многу години.
Чејн ги чувал своите филмски ролни кај вујко му додека служел во Кралската морнарица. Години подоцна, кога неговиот вујко се преселил, Чејн ги зел ролните назад и на крајот ги префрлил на DVD, бидејќи веќе немал проектор.
„Првиот филм на DVD-то беше мистериозен, непознат за мене. Јасно беше дека е свадба, во црквата Мастрик. Го гледав многупати, но не познавав никого,“ изјави Чејн за медиумите.
Кога Ајлин и Бил конечно го гледале видеото, им било неверојатно да го видат минатото.
„Многу чудно ми е да ги видам мојата мајка и татко, не само на фотографија, туку како се движат и одат. А мојот сопруг, тој ја виде својата баба и својот дедо, кој имаше 100 години кога почина. Да се вратам во времето и да ги видам тие луѓе беше апсолутно неверојатно, сè уште не можам да верувам навистина“ рече Ајлин.
Коментирај анонимно