Нејзините деца го уништиле гнездото на патката, па таа решила да се погрижи за јајцето на необичен начин
Бетси Рос од Висалија, Калифорнија, веќе има три деца, но сепак успеа да најде време и трпеливост да земе уште едно. Не толку одамна, Бетси, нејзиниот сопруг и нејзините деца отишле во паркот за да се играат со топка. Семејството тогаш забележало дека случајно го уништиле гнездото на патката со топка.
Глетката била тажна и децата се вознемириле, но кога се приближиле забележале едно јајце кое останало живо. Јајцето имало мала пукнатина, но не течело. Кога Бетси видела колку нејизните деца се вознемирени и ја молеле да го спаси јајцето таа одлучила да го земе со себе дома.
„Навистина мислев дека нема да имам шанси да го спасам бидејќи никогаш не сум инкубирала јајце.“, вели Бетси. Таа првин се јавила во засолниште за живтни, но тие ѝ кажале дека не примаат јајца. Жената тогаш ги прашала дали би го примиле животното доколку таа успее да го спаси и тие ѝ одговориле дека тогаш би го примиле.
Бетси немала средства за инкубатор и решила јајцето да го носи во својот градник. Таа работи како преведувач на знаковен јазик и во тој период немала работа па таа се посветила на јајцето. „Го носев јајцето во мојот градник 35 дена и спиев со него исто така. Јас сум полничка така што совршено се вклопуваше во моите гради.“, вели Бетси.
Таа потоа почнала да истражува како да го испили јајцето и таа дознала дека и е потребна голема влажност, така што жената започнала да размислува за тоа како да создаде соодветно опкружување. На крајот, Бетси набавила соодветна светилка, сад со вода, пластична кутија и селотејп, па така сама си направила кутија за испилувње.
Патчето немало среќен почеток. Првин не можело само да се испили, па Бетси ја излупила лушпата од јајцето, а потоа неколку дена останало поврзано со јајцето затоа што му било препрано или условите во кои било одгледувано не биле доволни.
Наскоро патчето се опоравило и ја следело Бетси каде и да оди, а кога не била дома „плачело“. Таа го ставала да плива во бањата, а потоа и во баричките надвор. Сега патчето е веќе возрасно и Бетси го сместила во блиско засолниште за живина во близина на нивниот дом.