„Не денес, попе!” Урнебесно видео го прикажува моментот кога 11 месечно бебе ја турка Библијата од рацете на свештеникот, во моментот на неговото крштевање

11-месечно бебе стана вирално затоа што урнебесно го заврши своето крштевање со еден удар.

 

 

Сега веќе вирален „TikTok” ја прикажува Кендис Вилијамс како го држи синот Саливан додека католички свештеник чита за време на неговата крштевка.
Во црквата Пресвета Богородица од Помпеја во Ланкастер, Саливан брзо ја крева раката и ја турка книгата во светата вода на фонтаната и ги остава сите присутни во шок.
Клипот од 6 секунди собра над 4,5 милиони прегледи откако беше објавен минатата недела од сестрата на Вилијамс, Натали Валчик.

 

 

Вилијамс (35) изјави за TODAY.com дека крштевањето на Саливан било прво за свештеникот во таа црква. Таа исто така рече дека го прифатил нејзиното повеќекратно извинување во име на детето.

 

„Тој свештеникот, беше шампион. Тој веднаш ја подигна книгата и продолжи“, призна Вилијамс за медиумот.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *