Не е паметно да ги носите децата кога одите да купувате автомобил, особено ако се палави!
Купувањето автомобил е голема работа, така што поголема група за поддршка не е лоша идеја. Така помисли еден семеен човек од Кина. Собрал пари, отишол со семејството во еден од салоните на Ауди. Додека менаџерот разговарал со клиентите, нивната мала ќеркичка решила да се изрази себе си уметнички. Тригодишното девојче се прошетало низ автомобилите со остар камен и додека никој не гледа, си се потпишало дури на 10 автомобили. Највпечатливиот потпис го ставила на синиот кросовер Audi Q3, каде што дури и нацртало нешто.
Кога родителите го виделе ова, збеснале, но што можат да напрват. Од страна на дилерите им било кажано дека автомобилите ќе треба да се префарбаат, но потоа нема да може да се продаваат како нови, туку само како користени, со намалена цена. Како резултат на тоа, тие ја процениле штетата на 200.000 јуани (1,5 милиони денари). Бидејќи родителите не сакале да платат толкава сума за неколку гребаници, дилерите ги тужеле родителите на девојчето.
Судијата сметал дека родителите се виновни, бидејќи не воделе сметка за нивната ќерка, а сите аргументи за младата возраст на девојчето не убедиле никого. Како резултат на тоа, судот им наредил на родителите да му платат на салонот 70.000 јуани (550.000 денри). Така, семејството се збогувало од својот нов автомобил.