Не го лутете фотографот: Човек му се одмазди на непристојниот клиент, како што заслужил

Ако некогаш сте работеле работа каде што треба да комуницирате со клиентина дневна основа, веројатно знаете колку тоа може да биде напорно. Затоа што, за жал, не сите луѓе имаат желба да бидат пријатни, па дури и пристојни кон другите човечки суштества. И, ако некогаш сте имале ваков вид на работа, веројатно ја знаете и старата добра изрека што вака оди: „Клиентот е секогаш во право“. Но, не се водат сите според ова правило, како на пример фотографот Џејк Волтерс.

Пред околу 15 години, фотографот Џејк Волтерс работел со Сер Филип Грин, сопственикот на Топшоп, со цел да ги направи неговите фотографии за Гардијан. Фотографот се сеќава на денот кога го запознал г-дин Грин доста добро – всушност, тој дури и реши да ги сподели спомените објавувајќи нешто на Инстаграм.

„Мојот портрет на Сер Филип Грид (алчен), извини, Грин, направен на неговиот балкон во Аркадија, на улицата Оксфорд. Тој беше непријатен и непристоен кон мене и мојот асистент кога пристигнавме да го фотографираме за @guardianweekend“, напишал фотографот на социјалните мрежи.

Затоа тој решил да се одмазди така што ќе направи Грин да изгледа како машки полов орган. „Така си помислив… ако е во ред да се однесуваш како #@! тогаш е во ред и да изгледаш како таков.“, додава фотографот. Секако за жал од Гардијан не сакале да ја искористат оваа фотографија на времето.