Не го сакате човечкиот род? Нема проблем. 11 најосамени куќи на светот коишто се рај за интровертите, а една од нив е токму во Македонија
Доколку сте од оние кои преферираат природа и не сте фан на големи и бучни градови оваа статија е за вас. Денес за вас ги издвоивме некои од најосамените куќи на светот, па размислете дали можеби сакате ваков начин на живот…
1. Островот Елидеј, Исланд
Ако го сакате тоа осамено чувство или лудо копнеете по приватност или изолација, посетете го островот Елидеј на Исланд. Замислете да живеете среде огромна тревна карпа опкружена со вода и единствениот живот освен вас, ќе бидат дивите животни или морскиот свет во мистичното море.
2. Островот со доволно простор за еден, Канада
Овој остров има место само за една куќа, ама буквално!
3. Ермитаж во Сан Коломбано, Италија
Ермитаж во Сан Коломбано, изграден во 1319 година е елегантно издлабен на лицето на карпа во средината на длабока долина. Доколку сакате височини и изолација, ова е совршената куќа за вас.
4. Куќата на планината Фафе, Португалија
Куќата нема струја и затоа свеќите се единствениот извор на светлина овде откако ќе настапи вечерта. Куќата е стара повеќе од четири децении и е изградена од четири оригинални камења.
5. Манастирот Света Троица, Грција
На ридовите над Метеора, Грција, се наоѓаат дваесет и четири православни христијански манастири, од кои шест сè уште функционираат. Најиконски е манастирот Света Троица. Изграден во 14 и 15 век, оваа локација се наоѓа на карпи на 400 метри во воздухот.
6. Куќата Хобит
Оваа куќа всушност изгледа како куќата што се користела во „Хобит“. Можеби вашиот живот би бил исто така магичен доколку живеете вака во срцето на природата.
7. Колибата Солвеј, Швајцарија
Колибата Солвеј може да се најде на планината Матерхорн во Швајцарија.
Се наоѓа на речиси 4000 метри над нивото на морето и може да собере не повеќе од 10 посетители кои бараат мир и изолација.
8. Малата викендица, во Норвешка
Оваа викендица која се наоѓа на островот Вега во Норвешка во близина на поларниот круг, е идеално место за бегство од метежот и вревата на секојдневието.
9. Куќата на реката Дрина
Оваа куќа преживеала сѐ што природата може да фрли врз неа. Балансирајќи се на карпа среде реката Дрина во Србија, куќата била погодена од поплави и силни ветрови, но сепак останала цврсто.
10. Тајната куќа на дрвото Хемлофт
По дипломирањето за развој на софтвер, сопственик на само-направената и самофинансирана тајна куќа на дрвото Хемлофт, Џоел Ален, отишол да работи во нова компанија која на крајот на 2006 година се затворила.
Без работа и без насока, тој потоа го запознал самоукиот столар „Старецот Џон“ на фестивал, кој продолжил да го инспирира Џоел да ја следи својата страст за столарија. А останатото, како што велат, е историја.
11. Осамената куќа на патот Скопје- Велес
Доколку често патувате на оваа релација, сигурно сте ја забележале оваа куќичка во целото тоа зеленило. Дали некој постојано живее таму или служи како место за одмор на некое семејство не знаеме, но во едно сме сигурни, дека кој и да е сопственикот на куќата сакал да ја направи најизолирана што може. И дефинитивно успеал во тоа!
Куќата во МК – помеѓу Вардар-Пчиња(состав) ја користи жител на ИНЏИКОВО
Коментирај анонимно