„Не можат да се сетат на ништо“: Фотограф ја истражува бедната состојба на психијатарските болници во Бангладеш

Луѓето низ светот не се запознаени со менталните болести во Бангладеш, но проблемите со менталното здравје секојдневно се зголемуваат. Бројот на луѓе кои страдаат од проблеми со менталното здравје е повеќе од бројот на лекари кои ги лекуваат. Најголемата ментална болница е во Хемајатпур, Пабна. Основана е во 1957 година и иако е огромна, недостасува модерна методологија за лекување на проблеми со менталното здравје.

Фотографот Насиф Имтиаз отсекогаш се интеренсирал за психичките проблеми на луѓето и се залагал да бидат сфатени сериозно. Од неговото истражување во болницата тој заклучил дека голем број на пациенти веќе немаат врска со реалноста: „Не можат да се сетат на ништо“, вели тој.

Болницата има 500 легла, а во моментов, 450 места се зафатени. Секој ден приближно 200 до 300 луѓе доаѓаат на третман тука и заминуваат со рецепт за лекови; само најсериозните случаи се примени во болницата. Оние кои работат во оваа болница исто така се соочуваат со многу ризици. Понекогаш медицинските сестри се жртви на напади од ментално болни пациенти овде.

Поради овие ризици, многу луѓе не сакаат да работат во ментални болници. Многу пациенти примени во оваа болница биле напуштени од членовите на нивните семејства кои поднеле погрешна адреса на живеење и никогаш не се вратиле да ги земат своите блиски од болницата.

Семејства на некои пациенти не ги посетиле 15-20 години, иако се излечиле. Некои не се излекувани дури и по долго време таму. Тие сè уште чекаат нивните роднини да ги однесат дома.

Сепак, сега никој не може да прими психички болни пациенти кои користат лажни адреси. Најголемиот проблем во оваа земја е што луѓето не ги сфаќаат сериозно психичките проблеми. Многу луѓе овде ги задеваат луѓето со проблеми со менталното здравје, ги исмеваат, а понекогаш овие луѓе можат да бидат дури и членови на семејството.

Овие луѓе кои страдаат од проблеми со менталното здравје не добиваат никаков мир дома или дури и во болница поради недостаток на современ третман.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!