Не можел да ја дочека новата GTA, па решил сам да ја создаде во вистинскиот живот

Се појавија видеоснимки на кои се гледа црн Land Rover Discovery како вози низ железничката станица Чешунт на границата со Есекс и Лондон, и ги шокира патниците кои чекаат на платформата.

Според полицијата на Хертфордшир, станува збор за украдено возило кое се пробило до пругите откако било запрено од полицајците во близина. Полицијата соопшти дека двајца полицајци биле повредени откако му пришле на возачот и се обиделе да разговараат со него. Автомобилот одеднаш забрзал, удирајќи ги и оштетувајќи низа други возила, за среќа офицерите вклучени во инцидентот не биле сериозно повредени.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!