Не можеш да научиш старо куче на нови трикови, но крава очигледно можеш, според овие научници кои ги учат животните да користат тоалет

Група истражувачи успеаја да обучат неколку крави да одат сами во тоалет во обид да ги намалат емисиите на стакленички гасови.

За кравите кои своето време го минуваат грицкајќи трева на отворени полиња, целиот свет може да се смета за тоалет. Одгледуваните говеда можат да произведат околу 30-40 килограми фекалии и 30 литри урина секој ден, што значи дека има многу отпад што се остава во околината за да навлезе во почвата.

Ширењето на нивниот отпад може да има негативни ефекти врз животната средина, при што амонијакот произведен од кравји отпад се претвора во стакленички гас азотен оксид кога се меша со почва.

Отпадот исто така може да ја загади почвата и локалните водни патишта, пренесува  Јан Лангбејн вработен во Иражувачкиот институт за биологија на животни во Германија. Тој се запрашал дали заедно со неговиот тим ќе можат да помогнат да се намали оваа контаминација со поттикнување на кравите да користат тоалет во одредени области.

Тој коментираше: „Зошто говедата не можат да научат како да користат тоалет? Животните се прилично паметни и можат да научат многу “.

Тимот истражувачи од во Германија и Универзитетот во Оукленд во Нов Зеланд започнаа да ја тестираат теоријата со процес што го нарекоа „обука на MooLoo“, во првата фаза телињата беа ставени во затворен тоалет и беа наградени секој пат кога уринираа.

Нил Дирксен  прв автор на студијата, изјави дека откако ќе им биде дозволено да одат надвор, телињата ќе се вратат во тоалетот за да ја добијат својата награда, но тие „наскоро дознаа дека има награда само ако уринираат“.

Телињата се обучуваа по 45 минути секој ден, по 10 дена обука, 11 од 16 вклучени телиња се сметаа дека биле успешно обучени за да користат тоалет.

 

Научниците се фокусираа само на урината за студијата, а не на изметот, бидејќи еден од авторите на студијата Линдзи Метјуз објасни дека урината е поголем проблем, барем во Европа.

Меѓутоа, Метјуз предвидува дека ако кравите можат да се обучуваат за уринирање во тоалет, тие исто така можат да бидат обучени кога станува збор за измет.