„Не можев да се отарасам од 20-те мачки што ми се врткаа низ дворот па се решив сите да ги посвојам“

34-годишниот Сем Кинир се преселил на шпанскиот остров Мајорка во октомври минатата година, носејќи ја со себе мачката на својата сопруга, Бани.

Но, уште првиот ден во градчето Поленса, Сем сфатил дека ќе се грижи за многу повеќе мачки отколку што планирал.

 

Откако забележал две мачки кои се однесувале како да се „дома“ во неговиот двор, љубопитно ги следел и така открил 15 улични мачки кои го гледале од ѕидот. Решил да ги нахрани – и пред да сфати, веќе бил нивната „мачка-мајка“.

Со помош на здружението Cat Protection Pollensa, мачките биле фатени и стерилизирани, по што биле вратени назад и сега официјално се дел од неговото „семејство“.

Сем сега има мачки кои секој ден точно во 17 часот го чекаат пред вратата за вечера, а во текот на денот одмараат на столови и маси низ неговиот имот.

Се шегува дека поради „грешка во системот за дистрибуција на мачки“ – популарната идеја дека кога некој е подготвен, универзумот му „испраќа“ мачка – 20 улични мачки сега целосно му го презеле животот.

Иако понекогаш му е напорно да се грижи за толку многу мачки, тој им дал имиња на сите, меѓу кои Кларенс, Сајмон, Суки Лу, Баги и близначките Момо и Гјоза.

 

„Штом стигнавме, мачките веќе беа тука“

Сем, кој со сопругата раководи бренд за облека, потекнува од Лондон и вели: „Првиот ден веќе беа тука. Ги видов, сакав да ги нахранам. Излегов од портата, тие беа таму, и со текот на времето сфатија каде живеам. Сите се прекрасни и имаат уникатни личности. Секој што доаѓа на гости е фасциниран.“

Но, признава дека целата ситуација знае да биде и предизвикувачка: „Малку е застрашувачки, што ако некогаш посакам да се отселам? Забавно е, а и не е толку проблематично со мојата мачка, но понекогаш навистина знае да биде премногу. Ќе морам да најдам начин да ги одвикнам малку!“

 

„Мачките не ги бираме ние – тие нè избираат нас“

За Сем, целата оваа приказна е уште еден доказ за Cat Distribution System (CDN) – популарен поим што опишува како мачките сами си наоѓаат дом и луѓе кои ќе ги посвојат.

Сопругата и тој ја имаат Бани веќе седум години, но нивната друга мачка, за жал, загинала пред да наполни една година, кога ја прегазил автомобил.

Сем вели: „Тоа ми го скрши срцето и сигурно испрати итен SOS сигнал до „главните“ во универзумот. Луѓето често зборуваат за мистериозните и тајни механизми на универзумот, а јас верувам дека се случи грешка кога мене ме ставија во фокус. Пред сè, мачките тука се чувствуваат безбедно – опкружени сме со други куќи, но речиси сите имаат кучиња, така што нашиот дом е како мала мачешка оаза, без кучиња.“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *