Не, не е прељуба: Еве зошто дури и жените (скришум) ја симнуваат бурмата
Кога имаат намера да ја изневерат сопругата, многу мажи и жени ги симнуваат бурмите за да сокријат дека се во брак или да се обидат да си ја олеснат совеста. Ова може навидум да функционира кратко време затоа што да се има чиста совест е доволно едноставно воопшто да не се изврши прељуба.
И изневерувањето не е секогаш причината зошто дури и жените потајно ја симнуваат бурмата. Ова го покажаа одговорите на луѓето ширум светот кои анонимно ги открија своите причини за тоа на апликацијата Виспер. За мажите, прељубата е најчеста причина со тоа што откако ќе ја отстранат бурмата ќе сокријат дека се во брак. Но, за жените ситуацијата е малку поинаква.
Многу жени велат дека никогаш не би го изневериле својот сопруг, но сепак во некои ситуации не се двоумат да ја отстранат бурмата. Како што открија во признанијата, припадничките на понежниот пол го прават тоа дури и кога ги запира полицијата, па сакаат да избегнат казна за сообраќаен прекршок.
Со малку шарм и без венчален прстен, полицијата полесно може да им „прогледа низ прсти“, признаваат корисничките а апликацијата Виспер. Отстранувањето на бурмата е докажана женска тактика и кога сакаат да добијат бесплатен пијалок, но и кога ќе побараат малку повеќе, безопасен флерт, сè уште без намера да ги изневерат своите сопрузи.
„Понекогаш, кога сопругот не е таму, го вадам венчалниот прстен и ги пуштам мажите да ми се додворуваат затоа што тоа ми го крева егото. Иако, јас никогаш не би, но баш никогаш не би го изневерила сопругот.“, признава една корисничка на Виспер.