Не, ова не се фотографии од друга планета туку магичните ледени пештери на Исланд

Јакуб Перликовски е фотограф од Полска кој ужива да ја истакнува убавината и магичноста на природата. Тој неодамна го посети Исланд и сподели со нас еден нов „паралелен универзум“ креиран од прекрасните ледени пештери.

Јакуб вели дека само два дена пред да ги направи фотографиите на истото место течела вода, но природата таму е сурова и ледената бајка била креирана за многу краток период. За посета на ваквите пештери ви е потребен искучен водич и опрема бидејќи мразот може да биде многу опасен.