„Не пијам алкохол речиси 1 година и денес ја споделувам со вас НАЈТЕШКАТА работа при одвикнувањето. И не, искушението не е во вас!“

Човек кој е во апстиненција од алкохол повеќе од една година, откри која била „најтешката“ точка на неговото патување до трезвеноста – и веројатно не е тоа што мислите.

Џонатан Бураса бил шанкер десет години и е човек кој ги знае сите работи за алкохолот. Сепак, неговиот избор на кариера бил донекаде виновен што „се забавувал седум дена во неделата, 365 дена во годината“, бидејќи пиењето на некој начин доаѓало како неминовен дел од неговата работа.

 

 

 

На сето тоа му дошло крај кога Џонатан сфатил дека на еден или друг начин алкохолот е „во секој аспект“ од неговиот живот. Со текот на годините се обидувал да го намали пиењето, но открил дека не може да се држи до својата трезвеност.

Сето тоа се сменило минатата година, кога тој решил да се предизвика себеси да остане трезен цел месец. Иако требало да биде само еден месец одмор, за да му даде шанса на својот црн дроб да се опорави, Џонатан одлучил да продолжи. Тој призна дека првите четири месеци од апстиненцијата од алкохол биле „најтешкиот и најчудниот“ период низ кој некогаш поминал, но сето тоа на крајот се покажало вредно.

Во видео на „YouTube“ споделено во април оваа година, во кое одбележа 548 дена без алкохол, поранешниот шанкер предупреди дека најтешко е да сте непијач, а да се дружите со луѓе што пијат. На почетокот тој бил „ супермотивиран “ и сите негови пријатели се собрале околу него во знак на поддршка.

 

 

 

„Првиот месец го поминав прилично лесно“, рече Џонатан. „Најголемиот дел од тоа е обидот да не размислувате за тоа“.

Но, откако ја достигнал месечната пресвртница на неговата трезвеност, се чинело дека неговите другари мислеа дека веднаш ќе им се врати на старите навики.

Џонатан објасни: „Моите пријатели почнаа да ми кажуваат кога и каде има „Happy Hour“ или слично: „Ја постигна целта, ајде сега пиј! За мене, целата поента на ова е да имам контрола над моите навики над кои изгубив контрола. Па зошто би го славел враќањето на контролата правејќи го токму она што ме донесе овде? Немаше смисла. Но, моите пријатели повеќе не ми даваа поддршка. Ме прашуваа зошто не пијам затоа што ја постигнав целта што ја сакав“.

 

 

Џонатан рекол дека кратко време излегувал со жена која имала сличен став како неговите пријатели. Непотребно е да се каже дека тоа не била вистинска љубов за него.

„Јутјуберот“ продолжи: „Алкохолот е толку вкоренет во нашето општество што идејата да не пиеш е да се натераш да страдаш. Тоа нема никаква смисла. Но, очигледно, решив да продолжам – тоа ме мотивираше уште повеќе“.

Тој ги повика другите кои сакаат да го намалат алкохолот да не се подложуваат на „притисокот од пријатели“ и да продолжат во својата цел.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *